4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка може уште еднаш да ги зголеми каматните стапки

Швајцарската централна банка може уште еднаш да ги зголеми каматните стапки

Економистите очекуваат швајцарската централна банка последен пат да ги зголеми каматните стапки во септември, иако инфлацијата забавува побрзо отколку што очекуваше регулаторот во земјата, пишува „Bloomberg“.

Банката ќе ги зголеми стапките за 25 базични поени на 2 отсто на следниот состанок на 21-ви септември, кога ќе донесе одлука за монетарната политика, покажуваат податоците од истражувањето на „Bloomberg“ спроведено од 4 до 10-ти август. Каматните стапки ќе останат на ова ниво една година, а првото намалување се очекува во септември 2024-та година и уште три месеци потоа.

Прогнозата на економистите за инфлацијата е значително пооптимистичка од онаа на централната банка. Во своите најнови проценки за инфлацијата, направени во јуни, Швајцарската народна банка соопшти дека растот на потрошувачките цени ќе се опорави од најниските падови што ги достигна неодамна и ќе се забрза до максимум 2,3% во третиот квартал од 2024-та година.

Спротивно на тоа, економистите очекуваат стапката на инфлација да остане под горната граница на регулаторот од 2% во овој квартал и да остане под тоа ниво до крајот на 2024-та година. На годишна основа, централната банка предвидува инфлацијата да биде во просек од 2,2% во 2024-та година, додека просечната проценка на испитаниците во истражувањето беше 1,5%.

Инфлацијата во Швајцарија и прогнозите на економистите и централната банка за нејзиниот иден развој. Инфографик: „Bloomberg“

Иако економистите сè уште очекуваат пораст во септември, истражувањето може да ги засили сомнежите за тоа колку швајцарската централна банка ќе дејствува понатаму. Гувернерот на централната банка Томас Џордан во јуни рече дека „најверојатно ќе бидат потребни дополнителни зголемувања на каматните стапки за трајно да се забави инфлацијата на нивоа под 2 отсто“, имајќи предвид дека во втората половина од оваа година се очекува бран на поскапувања на киријата, а електричната енергија е се очекува да порасне во јануари.

Но, неодамнешната остра апрецијација на франкот, која ја штити Швајцарија од ценовните притисоци предизвикани од увезените стоки, и знаците за забавување на економската активност можеби го променија мислењето на регулаторот. Централната банка ќе ја претстави својата следна прогноза за инфлацијата заедно со одлуката за каматната стапка на состанокот во септември.

Посебното истражување во понеделникот покажа дека компаниите во Швајцарија не планираат големи зголемувања на платите. Додека швајцарските синдикати бараат годишни зголемувања од 5% во сите индустрии, околу 4.500 бизниси изјавија за економскиот истражувачки центар „KOF“ дека очекуваат просечно зголемување на платите од околу 2% во следните 12 месеци.

Иако преговорите меѓу синдикатите и работодавачите сè уште се во тек, ова можеби значи дека Швајцарската народна банка не треба да се плаши од сериозни притисоци врз цените поврзани со платите.

Економскиот истражувачки центар „КОF“ истакна дека индустриите кои се ориентирани кон извоз на стоки и услуги очекуваат послаби зголемувања на платите, додека секторите чиј фокус е на домашниот пазар предвидуваат повисоки. Ресторанската и хотелската индустрија се на врвот на рангирањето, при што се очекува зголемување на платите за 3,8%, а во фабричкиот сектор – пораст од само 1,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП