27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија ги надмина очекувањата на аналитичарите

Британската економија ги надмина очекувањата на аналитичарите

Економијата на Обединетото Кралство ги надмина очекувањата со раст од 0,2% во вториот квартал, поддржан од потрошувачката на домаќинствата и производното производство, објави британската канцеларија за национална статистика (ONS), цитирана од „CNBC“.

Економистите однапред анкетирани од R„euters“ ги споделија своите очекувања за намалување на БДП-то на Обединетото Кралство во вториот квартал по изненадувачкиот пораст од 0,1% во првиот квартал, бидејќи монетарното затегнување на Банката на Англија и постојаната инфлација почнуваат да ја ограничуваат побарувачката.

Британската економија порасна за 0,5% во јуни, надминувајќи ги прогнозите за раст од 0,2%. Овој раст следи по месечниот раст на БДП-то од 0,1% во мај и 0,2% во април. Сепак, јачината на јунскиот пораст делумно се должеше на топлото време, како и дополнителниот државен празник во мај за крунисувањето на кралот Чарлс III, истакнуваат и медиумите.

Во вториот квартал, производството беше поддржано од раст од 1,6% во преработувачката индустрија и 0,7% во преработувачката индустрија, додека услугите пораснаа за 0,1%.

„ONS“ забележува силен раст на потрошувачката на домаќинствата и владините трошоци. Во текот на кварталот и двете категории беа под ценовен притисок, иако беше поумерен во однос на претходниот квартал.

„Бројките се сè уште прилично слаби, само не толку слаби како што очекувавме“, изјави Мајк Куп, главен инвестициски директор за EMEA во „Morningstar“ за „CNBC“.

Куп рече дека бројките и понатаму се карактеризираат со неодамнешниот модел на раст кој се разликува од прогнозите. Во мај, Банката на Англија ја намали својата прогноза за рецесија во Британија. Во својот последен извештај за монетарната политика, таа рече дека очекува кварталниот раст на БДП-то да остане околу 0,2% во блиска иднина.

Куп додава дека ќе биде потребно време за да се развијат ефектите од политиката на монетарно затегнување на Велика Британија.

„Банката на Англија веќе предвидува дека ќе избегнеме рецесија и ако се држиме до нашиот план да им помогнеме на луѓето да влезат во работа и да ги засилат деловните инвестиции, ММФ рече дека ќе растеме побрзо од Германија, Франција и Италија на долг рок“, рече британскиот министер за финансиим, Џереми Хант.

Во август, централната банка ги зголеми каматните стапки за четвртина процентен поен на 5,25%, при што експертите ги следеа најновите податоци за БДП-то пред состанокот на институцијата во септември. Инфлацијата во Британија останува меѓу највисоките од сите напредни економии од 7,9%, и во моментов не се очекува да ја достигне целта од 2% пред 2025-та година.

Рут Грегори, заменик-главен економист во Обединетото Кралство во „Capital Economics“, објаснува дека консултантската куќа сè уште предвидува блага рецесија за Британија подоцна во годината бидејќи се чувствува влијанието на повисоките каматни стапки.

„Ова можеби нема да ја спречи Банката да ги зголеми каматните стапки од 5,25% сега на 5,50% во септември. Но, тоа може да значи дека стапките нема да се зголемат до опсегот 5,75-6,00 што го очекуваат консензусот и инвеститорите“, нагласи таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП