6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотрошувачите во еврозоната очекуваат инфлацијата да биде 3,4 отсто во следните 12...

Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлацијата да биде 3,4 отсто во следните 12 месеци

Потрошувачите во еврозоната очекуваат инфлацијата да биде 3,4 отсто во следните 12 месеци, покажа денеска објавеното јунско истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).

Анкетираните во мај беа нешто попесимисти, бидејќи тогаш предвидуваа дека инфлацијата во еврозоната во следните 12 месеци ќе биде 3,9 отсто.

Паднаа и очекувањата поврзани со стапката на инфлација во следните три години, на 2,3 отсто од мајските 2,5 отсто, но неизвесноста во однос на развојот на инфлацијата во следната година остана на исто ниво.

Потрошувачите, исто како и во мај, очекуваат нивната номинална плата да порасне за 1,2 отсто во следната година, додека очекувањата за раст на потрошувачката во следните 12 месеци паднаа на 3,4 отсто.

Испитаниците очекуваат негативен економски раст од -0,6 отсто и невработеност од 11 отсто во следните 12 месеци.

ЕЦБ спроведува редовно месечно онлајн CES истражување на примерок од 14.000 возрасни потрошувачи од шест земји од еврозоната – Белгија, Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.

Главните збирни резултати од CES се објавуваат на веб-страницата на ЕЦБ секој месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП