6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрва загуба по излегувањето на берза на НТС

Прва загуба по излегувањето на берза на НТС

htc pari

Тајванскиот производител на паметни телефони „HTC“, ја забележа првата него-загуба од појавувањето на берзата во 2002-та година.

Компанијата соопшти дека во периодот од јули до септември забележале нето-загуба од 2.97 милијарди тајвански долари (101 милиони американски долари), во споредба со нето-профитот од 3.9 милијарди тајвански долари за истиот период од минатата година.

Продажбата, исто така забележала пад за 33 проценти на годишно ниво, односно 47.05 милијарди тајвански долари.

И покрај напорите со лансирањето на смартфонот „HTC One“ да ја променат својата среќа, компанијата бележи слаби резултати.

Тајванската компанија се бори со тешката конкуренција на глобално ниво, па нејзиниот профит во второто тромесечие потона за 83 проценти во однос на минатата година и тоа поради поголемите трошоци.

Според податоците на истражувачката компанија „IDC“, тајванскиот гигант во 2012-та година имал удел од 4.6 проценти на светскиот пазар на паметни телефони, што е пониско во однос на 8.8-те проценти од 2011-та година.

„Samsung“ имал удел од 30.3 проценти, а пак „Аpple“ од 19.1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП