2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕдноставноста во луксузот

Едноставноста во луксузот

meb1

Луксузот и рециклирањето лесно можат да се комбинираат, тоа го покажува ова дизајнерско дело кое привлече внимание на сите страни во светот.

Свилата долго време се смета за луксузен природен материјал, а сега ја доби својата слава дури и кога е повеќе пати употребувана, Во потрагата по убавина во минатото и знаењето како да се поврати нејзиниот сјај, турскиот дизајнер Мееб Руре ја креираше оваа интересна колекција која е изработена од рециклирана свила.

Оваа линија на мебел претставува етно инпирација, таа освојува со својот уникатен изглед и удобност. Шарените свилени топчиња, кои се основа на овој мебел, се исполнети со луксузната свила од Непал.

Едноставен но прекрасен, овој еколошки мебел лесно се склопува и расклопува благодарение на деловите кои лесно се монтираат и демонтираат.

Руре докажа дека и во луксузот може да се наоѓа некое парче кое претходно било користено.

meb2

meb3

meb4

meb5

meb6

meb7

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП