2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПотрошувачки кредит со најповолни услови сега и за 30 минути

Потрошувачки кредит со најповолни услови сега и за 30 минути

stopanska

За своите клиенти во последните месеци од годината, Стопанска банка АД – Скопје подготви потрошувачки кредит со атрактивни услови ненаменски кредит до 10.000 евра без обезбедување, со рок на отплата до 10 години и годишна каматна стапка од 6,5% гарантирана за првата година и тоа без административни трошоци. Дополнително, кредитот сега Банката го исплаќа за само 30 минути од поднесување на барањето во една од филијалите.

Потрошувачкиот кредит како и досега, се одобрува без жиранти, без административна забрана и без меница, а промотивната понуда важи за сите поднесени барања до 31.12.2013година. Барања може да се поднесат во една од филијалите на Банката, а потребната документација е достапна на веб страницата на Банката каде со помош на калкулаторот за кредити клиентите може да го изберат износот и рокот на кредитот што најдобро им одговара пред да поднесат барање.

„Потрошувачкиот кредит без обезбедување е традиционално најчесто користен кредитен производ од страна на нашите клиенти па во функција на подобра и поедноставна услуга за клиентите со оваа понуда им овозможуваме на клиентите потрошувачкиот кредит да го добијат за само 30 минути од поднесување на барањето. На овој начин навистина им помагаме на нашите клиенти да го остварат веднаш она што го посакуваат.” изјави Милица Чапаровска, Директор на Сектор за управување со производи во Стопанска банка АД – Скопје.

 

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП