3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРоботакси крстари по улиците на Сан Франциско(ВИДЕО)

Роботакси крстари по улиците на Сан Франциско(ВИДЕО)

Роботските такси добија зелено светло да крстарат по улиците на Сан Франциско цел ден. Тоа е голем чекор за автономните возила, но проблем за другите такси услуги кои сè уште претпочитаат човечки возачи.

Пред неколку дена, Waymo и Cruise добија одобренија за автономни такси да бидат на улиците деноноќно, што значи дека клиентите сега можат да нарачаат автомобил без возач во секое време од денот. Тоа е голема промена од претходните ограничувања.

Самоуправувачките возила на Cruise без безбедносен возач претходно можеа да превезуваат патници помеѓу 22 часот и 6 часот наутро. Waymo можеше да ја обезбеди услугата само кога контролниот возач е во таксито. Тоа секако значи дека е донесен заклучок дека безбедноста е на задоволително ниво.

Се нагласува дека се уште нема доволно податоци за да се направи детална споредба на автономните возила и автомобили со обичните возачи. И покрај тоа, експертите тврдат дека постои голем потенцијал за зголемување на безбедноста на патиштата со помош на самоуправувачки автомобили. Останува да се види дали луѓето биле најголемиот проблем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП