4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на БДП на Велика Британија за 0,2 отсто во вториот квартал

Раст на БДП на Велика Британија за 0,2 отсто во вториот квартал

Британскиот БДП порасна за 0,2 отсто во периодот април-јуни, соопшти Канцеларијата за национална статистика, надминувајќи ги предвидувањата дека нема раст во вториот квартал. Претходно, економијата во првиот квартал порасна за 0,1 отсто.

И британската економија во јуни помина подобро од очекуваното, со раст од 0,5 отсто. Претходно, во мај имаше пад на БДП за 0,1 отсто, додека во април беше забележан раст од 0,2 отсто, пишува Гардијан.

Секторот на услуги забележа раст од 0,1 отсто на квартална основа, поттикнат од зголемувањето на информациите и комуникациите, услугите за сместување и храна, како и активностите за здравство и социјална работа. Преработувачкиот сектор забележа раст од 0,7 отсто, а растот во преработувачката индустрија од 1,6 отсто.

На расходната страна, забележан е силен раст на расходите на домаќинствата и на владата, што делумно беше неутрализирано со падот на меѓународните трговски текови во вториот квартал.

Побрзиот од очекуваниот економски раст во Обединетото Кралство, исто така, може да ја поттикне Банката на Англија да продолжи да ги зголемува каматните стапки додека се обидува да ја спречи инфлацијата. Следната седница на централната банка на која ќе се одлучува за каматните стапки е закажана за 21 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП