6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија одобри инвестиции во зелена енергија во вредност од 57,6 милијарди евра

Германија одобри инвестиции во зелена енергија во вредност од 57,6 милијарди евра

Германската влада одобри инвестиции во зелена енергија во вредност од 57,6 милијарди евра за 2024-та година, што е за 60 отсто зголемување во однос на целните трошоци за оваа година.

Со одлука на официјален Берлин, инвестициите во таканаречениот Фонд за клима и трансформација, за периодот од 2024-та до 2027-ма година, се зголемени на 212 милијарди евра, што е зголемување за околу 30 милијарди евра.

Специјалниот фонд, кој вообичаено не е дел од редовниот германски буџет, беше формиран за да го помогне процесот на енергетска транзиција и зелени инвестиции во Германија.

Фондот ќе ја финансира декарбонизацијата на индустријата, спроведувањето на стратегијата за водород, финансирањето на ефикасноста на зградите и енергетската ефикасност.

Претходно оваа година имаше извештаи дека на Фондот за клима и трансформација, познат како „KTF“ во Германија, му недостасуваат околу 12 милијарди евра од средствата што требаше да бидат доделени до 2026-та година.

Сепак, дефицитот сугерира дека побрзата транзиција од фосилните горива би чинела многу повеќе отколку што Берлин замислил во летото 2022-ра година, кога беше создаден фондот.

Германската влада, исто така, во април гласаше за забрана на повеќето котли за греење со нафта и гас во новите и постарите згради од 2024-та година, како дел од планот за намалување на емисиите.

Исто така, во Германија, регулативите бараат речиси сите нови системи за греење да работат на 65 отсто обновлива енергија, со исклучок за сопствениците на куќи над 80 години и домаќинствата со најниски приходи.

Сепак, индустриските здруженија и германската јавност не се согласуваат со оваа одредба.

Едно од јавните истражувања спроведени во април покажа дека 78 отсто од Германците не го одобруваат овој закон, а само 18 отсто сметаат дека одлуката за забрана за греење со нафта и гас е правилна.

Дополнително, германската владејачка коалиција сè уште е поделена околу тоа колку домашната цена на јагленот треба да порасне поради инфлацијата што може дополнително да биде поттикната од повисоките цени на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП