4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИНТЕРЕСЕН ДЕТАЛ НА „GOOGLE MAPS“: Погледнете што се „крие“ во хрватскиот град,...

ИНТЕРЕСЕН ДЕТАЛ НА „GOOGLE MAPS“: Погледнете што се „крие“ во хрватскиот град, луѓето се збунија

Google maps им се голема помош на многумина со цел да го пронајдат својот пат низ околината, но тие се и вистинско богатство за „ловците“ на необични детали.

На пример, луѓето пронајдоа потонати автомобили во езерата, додека теоретичарите на заговор сакаат да ја истражуваат областа 51 во САД, каде наводно „се кријат“ вонземјани.

Необична појава е забележана и во Хрватска. Авионот е снимен над Омиш, над улицата Пут Борка.

Кога ќе го погледнете Омиш со помал зум, нема да видите ништо необично на мапата, но штом ќе зумирате на картата, јасно ќе видите патнички авион во лет.

Иако изгледа како авион на земјата, всушност бил снимен од сателитиte кaко лета на ниско ниво.

Претходно на овој начин беше снимен авион над Австралија, што предизвика голема дискусија на социјалните мрежи.

Тогаш многумина тврдеа дека се работи за соборен авион, но на крајот се покажа дека сателитите на Google снимиле авион кој исто така лета на мала височина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП