26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на маслиновото масло е вистинска катастрофа за јужна Европа

Цената на маслиновото масло е вистинска катастрофа за јужна Европа

Минатата недела цената на маслиновото масло достигна рекордни 8.500 долари за тон, што е за 125% поскапо од просечната цена на маслиновото масло во 2000 – 2020 година. Претходниот рекорд беше поставен во 1996-та година – 6.200 долари, пишува „Bloomberg“.

Така, тон маслиново масло е 10 пати поскапо од тон масло, а во 2019-та година соодносот бил пет пати.

За остатокот од светот ова можеби не е сериозен проблем – уделот на маслиновото масло меѓу растителните масла е само 2%, но во јужна Европа цената не е само криза, туку вистинска катастрофа. Годишната потрошувачка на маслиново масло во Шпанија достигнува 8 литри по лице. Во останатите земји од јужна Европа состојбата е иста, а цените се веќе на психолошка граница од 10 евра за литар.

„Тоа е еквивалентно на лимитот за бензин од 5 долари за галон во САД“, истакнува Блејс.

Податоците на „Bloomberg“ покажуваат дека најкористените растителни масла на глобално ниво се палминото масло (36% удел на пазарот), маслото од соја (27%) и маслото од канола (14%). Сончогледовото масло има удел од 10% од светската потрошувачка.

Така, светската потрошувачка на маслиново масло може да се спореди со онаа на егзотичното масло од памук или кокосово масло.

Причина за поскапувањето на маслиновото масло е главно лошата реколта на маслинките кај главните производители. Поради сушата во шпанската провинција Андалузија во тековната земјоделска година (2022-2023), жетвата е 663 илјади тони, или 56% помалку од 2021-2022 година. Во исто време, патоген уништува маслинови дрвја во Италија .

Турција е една од ретките земји каде жетвата е добра, но владата го забрани извозот за да ги одржи домашните цени стабилни.

Засега има знаци дека ситуацијата во Шпанија се подобрува, но зголемувањето на производството сепак ќе биде многу слабо – до 737 илјади тони, или половина помалку од нормалното. Ниту во Грција и Италија не се очекува забележителен пораст.

Годинава сериозен проблем за маслинарството во Шпанија е и топлината. Во земјата, дождовите се вратија, но пролетта беше многу жешка – во Хаен, центарот на производството на маслиново масло во Андалузија, просечната температура во април беше повисока за 4°C. Во Кордоба, температурите достигнаа 30°C секој ден во текот на две недели во април. Во следните месеци времето не им даваше многу повеќе свежина на маслиновите дрвја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП