28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПроверете на време: Ова се некои од првите симптоми на рак на...

Проверете на време: Ова се некои од првите симптоми на рак на црниот дроб кои можете да ги забележите на вашето тело

Ракот на црниот дроб се смета за една од најчестите болести во светот, бидејќи годишно има околу 900.000 жртви.

Затоа не е лошо да се открие навреме за да биде поуспешно лекувањето.

Овој тип на рак се јавува кога клетките почнуваат неконтролирано да се шират во горниот десен дел од абдоменот. Она што ги загрижува луѓето кои имаат рак на црниот дроб е тоа што повеќето од нив не доживуваат рани симптоми кои укажуваат на оваа состојба.

Затоа, д-р Ајман Салех од Sidra Medicine ги навестува првите симптоми кои можат да се забележат на телото.

Д-р Салех тврди дека повеќето од симптомите се вообичаени, но дека понекогаш е потешко да се откријат бидејќи се јавуваат и со други медицински состојби. Тоа се: губење на тежината и ненамерно слабеење, болка во горниот дел на стомакот, особено во десната страна на абдоменот и оток или зголемување на абдоменот.

Дополнително, ја истакнува појавата на жолтица, постојан замор и слабост, гадење и повраќање, потемна боја на урината и појава на таканаречена кредеста столица.

„Ракот на црниот дроб може да го наруши нормалното функционирање на црниот дроб, влијаејќи на неговата способност да обработува хранливи материи и токсини, што може да резултира со губење на тежината, губење на апетит, замор и слабост“, објаснува д-р Салех.

Исто така, ракот на црниот дроб може да ги блокира жолчните канали, што дополнително предизвикува акумулација на жолчката во црниот дроб и крвотокот, предизвикувајќи жолтица, потемна урина и бледа столица. Затоа, доколку ги забележите повеќето од горенаведените симптоми, побарајте стручна помош за да утврдите дали навистина се работи за сериозна болест која треба да ја контролирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП