27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2023

Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2023

Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 31.07.2023 година вкупниот промет изнесувал 196.410.904 денари и е намален за 48.86 отсто во однос на претходниот месец. 

Класичното тргување изнесувало 152.448.876 денари и е намалено во однос на јуни за 51,31 отсто кога изнесувало 313.103.911 денари.

Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 150.819.155 денари и обврзници во вредност од 1.629.721 денари.

Блок трансакциите за јули изнесувале 43.962.028 денари.

Бројот на трансакции во јули изнесувал 783 и е намален за 32,27 отсто во однос на јуни кога изнесувал 1.156.

Најтргувани акции на официјалниот пазар за јули се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.

Месечниот статистички билтен за јули 2023 година можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП