6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе разгорува нова дебата за минималната плата во Германија

Се разгорува нова дебата за минималната плата во Германија

Германските работодавци предупредуваат дека неодамнешното зголемување на минималната плата не смее да стане тема на актуелното свикување на Бундестагот, а особено тоа не смее да биде предмет на популистички пазарења.

„Популизмот на тема плати само води до уште посилна инфлација. Опасно е“, вели за ДПА Рајнер Дулгер, претседател на здружението на работодавачи во Германија. Тој категорично ги отфрла барањата на синдикатите и одредени партии за ново зголемување на минималната плата.

Независната комисија за минимална плата составена од претставници на социјалните партнери и експерти, назначена од Владата, донесе одлука минатиот месец минималната плата во Германија да се зголеми од 1 јануари на 12,41 на час, а од 2025 година на 12,82 евра.

„Природно е компромисот да не може да им се допадне на сите“, рече Дулгер, оценувајќи дека колективното договарање треба да се заштити со ориентирање на минимумот кон тарифирани плати.

Минимумот не смее повторно да стане алатка на политиката пред следните сојузни избори, нагласи Дулгер.

Партијата на зелените, дел од владејачката коалиција, синдикатите и социјалните здруженија бараат зголемување на минималната плата. „Со закон, минималната плата треба да биде дефинирана на 60 отсто од медијалната заработка“, рече експертот на Зелените Франк Бсирске за ДПА.

Претседателката на социјалното здружение VdK, Верена Бентеле, зголемувањето на минималната саатница за 41 евроцент го опишува како шлаканица за милиони работници вработени на ниско платени работни места.

„Тоа значи дека милиони вработени едвај ќе можат да си го дозволат својот секојдневен живот“, рече Бентеле, додавајќи дека нема да можат ниту да сонуваат за пензија доволна за живот во такви услови.

VdK е најголемото здружение од ваков вид во Германија и се залага за социјална правда.

„Од гледна точка на VdK, владата сега треба итно да се вклучи, исто како и минатата година кога со закон ја зголеми минималната саатница на 12 евра“, рече Бентеле.

Според проценката на здружението, минималната плата мора да скокне на најмалку 14 евра на час за навистина да им се олесни на оние со најниски плати.

Реформа на комисијата за минимална плата бара и претседателот на Сојузот на синдикати ДГБ Јасмин Фахими за да се даде посилен глас на синдикатите – кои на крајот беа категорично надгласани во одлуката за зголемувањето од јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП