2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроизводството на пиво во ЕУ се враќа на нивоата пред пандемијата (ИНФОГРАФИК)

Производството на пиво во ЕУ се враќа на нивоата пред пандемијата (ИНФОГРАФИК)

Земјите од Европската унија (ЕУ) во 2022-ра година произвеле речиси 34,3 милијарди литри пиво што содржи алкохол и 1,6 милијарди литри пиво со помалку од 0,5 отсто или без алкохол, објави европската статистичка агенција Евростат.

Споредено со 2021-ва година, производството на алкохолно пиво во ЕУ се зголемило за 7 отсто, враќајќи се на ниво блиску до предпандемијата во 2019-та година, кога производството беше 34,7 милијарди литри. Што се однесува до безалкохолното пиво, нема промена во однос на 2021-ва година.

Вкупното производство на пиво (со и без алкохол) во ЕУ во 2022-ра година е еднакво на речиси 80 литри по човек.

Германија продолжува да биде водечки производител на пиво

Меѓу земјите на ЕУ со достапни податоци во 2022-ра година, Германија останува најголем производител со 7,6 милијарди литри (повеќе од 22 отсто од вкупното производство во ЕУ). Ова значи дека околу едно од четири алкохолни пива произведени во ЕУ потекнуваат од Германија.

Потоа следат Шпанија со произведени 3,9 милијарди литри (повеќе од 11 отсто од вкупното производство на ЕУ), Полска со 3,7 милијарди литри (11 отсто), Холандија со 2,6 милијарди литри (речиси 8 отсто), Франција и Италија со 2 милијарди литри секој по 6 проценти.

Најдобри производители на пиво во ЕУ за 2022-ра година. Извор: Евростат

Топ извозник и увозник: Холандија и Франција

Како и во претходните години, трговските податоци покажуваат дека Холандија продолжува да биде водечки извозник на алкохолно пиво во 2022-ра година. Земјата извезла вкупно (во и надвор од ЕУ) од 2,6 милијарди литри алкохолно пиво во 2022-ра година, што претставува 27 проценти од вкупниот извоз на пиво во ЕУ. Во споредба со 2021-ва година, Холандија бележи пораст на извозот на пиво од 0,7 милијарди литри.

После Холандија следуваат Белгија (1,6 милијарди литри; 17 отсто), Германија (1,5 милијарди литри; 16 отсто), Чешка (0,6 милијарди литри; 6 отсто) и Ирска (0,4 милијарди литри; 5 отсто ).

Увозот исто така е непроменет од 2021-ва година, бидејќи во 2022-ра година Франција останува најголемиот увозник на пиво што содржи алкохол, со 0,9 милијарди литри, што претставува 17 отсто од вкупниот увоз на ЕУ (внатре и надвор од ЕУ). Други големи увозници се Италија со над 0,7 милијарди литри (14 отсто), Германија со помалку од 0,7 милијарди (12 отсто), Холандија со 0,6 милијарди литри (11 отсто) и Шпанија со 0,5 милијарди литри (10 отсто).

Најдобри извозници и увозници на пиво во ЕУ за 2022-ра година. Извор: Евростат

Најголема извозна дестинација: Велика Британија

Што се однесува до главните дестинации за извоз на пиво надвор од ЕУ, Обединетото Кралство (860 милиони литри; 21 отсто од вкупниот извоз на пиво надвор од ЕУ) и САД (716 милиони литри; 18 отсто) се главните партнери, а потоа Кина ( 349 милиони литри; 9 проценти), Русија (271 милиони литри; 7 проценти) и Канада (155 милиони литри; 4 проценти).

Увозот на пива што содржат алкохол надвор од ЕУ е занемарлив во споредба со увозот во ЕУ. Кога увезуваат од земји кои не се членки на ЕУ, земјите на ЕУ претпочитаат британско (290 милиони литри; 57 проценти од вкупниот увоз на пиво надвор од ЕУ во 2022-ра година) и мексиканско пиво (99 милиони литри; 19 проценти). Србија (40 милиони литри; 8 отсто), Украина (15 милиони; 3 отсто) и Кина (11 милиони; 2 отсто) се следните на листата на врвни партнери за увоз, но со многу пониски бројки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП