3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаспишан последниот повик од ИПАРД 2 програмата во вредност од 8,8 милиони...

Распишан последниот повик од ИПАРД 2 програмата во вредност од 8,8 милиони евра

Денеска е распишан последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата за мерка 3 во вредност од 8,8 милиони евра.

Овие средства се наменети за набавка на опрема, а крајниот рок за поднесување на барања е до 18 септември 2023 година. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна помош (грант) во износ од 50 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој упатуваат повик до сите компании од агросекторот како и до земјоделците да ги искористат овие средства со цел подобрување на нивната продуктивност.

Сите надлежни институции стојат на располагање на заинтересираните за пријавување на овој повик со цел да се обезбедат нови инвестиции и нови успеси во агросекторот.

Целта на институциите е сите средства од ИПАРД 2 програмата, да бидат инвестирани дома и со тоа во целост да биде реализирана програмата.

Повеќе информации за Јавниот повик околу потребните обрасци за поднесување на барања за користење на средства по мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, заинтересираните апликанти можат да најдат на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој: https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/29

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП