4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВистинска мечка или човек во костим? Посетителите на зоолошката градина во Кина...

Вистинска мечка или човек во костим? Посетителите на зоолошката градина во Кина шокирани(ВИДЕО)

Посетителите се собраа во зоолошката градина во источната кинеска провинција Жеџијанг, откако видеото од мечка како стои исправено стана вирално на социјалните мрежи со теории на заговор кои сугерираат дека станува збор за човек во костум. Зоолошката градина се обиде да ги расчисти работите објавувајќи изјава со гласот на мечката. “Јас сум малајската сончева мечка!”

Зоолошката градина ги демантираше наводите дека се работи за луѓе во костими.

Бројот на посетители во зоолошката градина во Хангжу се зголеми за 30 отсто на околу 20.000 посети дневно откако видеото на малајската крзнена мечка Ангела стана тренд тема на кинеските социјални мрежи во текот на викендот, објави Chao News од провинцијата Жеџијанг.

Погледнете го видеото и проценете сами:

Судејќи по коментарите, корисниците на социјалните мрежи се поделени дали се работи за вистинска мечка или за костум.

„Тоа е човек во костим, и колку и да му платат, малку е“, вели еден корисник на Твитер во коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП