5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАAdobe жртва на хакери - 3 милиони корисници во опасност

Adobe жртва на хакери – 3 милиони корисници во опасност

adobe auto

Софтверскиот гиган „Adobe Systems“ соопшти дека хакери им ги украле податоците од кредитните картички и останатите информации на скоро три милиони нивни корисници.

Се верува дека хакерите дошле до податоците на повеќе од 2.9 милиони луѓе кои го купиле софтверот на оваа компанија. Меѓу украдените информации се имињата на купувачите, шифрираните броеви на кредитните или дебитните картички, датумите на нивното истекување и останатите информации за нарачките.

„Неодамна службата за безбедност на „Adobe“ откри софистицирани напади на нашата мрежа, вклучувајќи го и илегалниот пристап до податоците за нашите клиенти и крадењето на изворниот код на производите на „Adobe“. Со истрагата беше утврдено дека напаѓачите имале пристап до податоците за идентитетот и шифрираните лозинки на клиентите на нашите системи“, соопшти главниот службеник за безбедноста на оваа компанија, Бред Аркин.

Тој изразил жалење по повод овој инцидент и рекол дека компанијата работи на решавање на проблемот интерно и во соработка со надворешните партнери и полицијата.

Еден од производите чии „source code“ е украден е и „ColdFusion“, кој го користи и Сенатот на САД, 75-те од листата на 100 најдобри на „Fortune“ и повеќе од 10.000 компании ширум светот. Од „Adobe“ соопштија дека оваа кражба не придонесува за некој посебен ризик за корисниците, но дека „source code“ ја содржи „DNK“ програмата која би можела да им овозможи на хакерите да пронајдат и искористат некоја безбедносна дупка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП