18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во јуни во еврозоната и ЕУ е намалена во однос на...

Невработеноста во јуни во еврозоната и ЕУ е намалена во однос на лани

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во еврозоната во јуни изнесува 6,4 отсто, што е непроменето во однос на мај, а пониско во однос на истиот месец лани, кога изнесуваше 6,7 отсто, покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

Стапката на невработеност во ЕУ беше 5,9 отсто во јуни, исто така непроменета во однос на претходниот месец, но е помала од 6,1 отсто во јуни 2022 година.

Евростат проценува дека 12,8 милиони луѓе во ЕУ или 10,81 милиони во еврозоната биле невработени во јуни оваа година. Споредено со мај, невработеноста е намалена за 2.000 лица во ЕУ и за 62.000 во еврозоната. Во споредба со јуни 2022 година, невработеноста паднала за 387.000 во ЕУ и за 441.000 во еврозоната.

Во јуни 2,73 милиони млади луѓе (на возраст под 25 години) биле невработени во ЕУ, од кои 2,2 милиони се во еврозоната. Во јуни, стапката на невработеност кај младите беше 14,1 отсто во ЕУ и 13,8 отсто во еврозоната, во споредба со 14 отсто забележани во двата региона во претходниот месец.

Во споредба со мај, невработеноста кај младите се зголемила во јуни за 28.000 во ЕУ, а се намалила за 31.000 во еврозоната. Во однос на јуни минатата година, невработеноста кај младите е намалена за 16.000 во ЕУ и за 81.000 во еврозоната.

Стапката на невработеност кај жените во јуни е 6,1 отсто во ЕУ и е стабилна во однос на мај. Стапката на невработеност кај мажите беше 5,7 отсто во јуни, исто така стабилна од претходниот месец.

Во еврозоната стапката на невработеност кај жените во јуни изнесува 6,7 отсто, а кај мажите 6,1 отсто, што е стабилно во однос на мај годинава.

Евростат забележува дека, според дефиницијата за невработеност од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ), ова ги вклучува невработените лица кои немале работа, но активно ја барале во последните четири недели и кои се достапни за да започнат со работа во следните две недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП