23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на рускиот БДП во вториот квартал 4,8 отсто

Раст на рускиот БДП во вториот квартал 4,8 отсто

Растот на рускиот БДП во вториот квартал од тековната година е проценет на 4,8 отсто на годишна основа, објави Банката на Русија. Според прогнозата на централната банка во Извештајот за монетарната политика, беше наведено дека во третиот квартал се очекува раст од 3,6 отсто, а во четвртиот негативен 1,5 отсто.

„Економијата во целина речиси го заврши своето закрепнување од падот на активноста во пролетта 2022 година“, објави руската централна банка, пренесува Комерсант. Регулаторот предвидува дека стапката на раст на БДП годинава ќе биде меѓу 1,5 и 2,5 отсто, како и од 0,5 до 1,5 отсто во следната година. Закрепнувањето е побрзо од очекуваното поради силната домашна побарувачка, процени Банката на Русија.

ММФ неодамна ја зголеми прогнозата за раст на БДП во Русија од 0,7 отсто на 1,5 отсто во 2023 година. Рускиот министер за економија Максим Решетников претходно изјави дека растот би можел да биде поголем од 1,2 отсто предвидени од Министерството. Претседателот на Банката на Русија, Елвира Набиулина изјави дека економскиот раст во 2023 година ќе биде во горната половина од опсегот меѓу 0,5 и 2 отсто.

Централната банка очекува годишна инфлација од пет проценти до октомври, како и од пет до 6,5 проценти до крајот на годината, поради слабеењето на рубљата, се наведува во соопштението. Годишната инфлација, според прогнозата на централната банка, ќе се врати во целната рамка од четири проценти во 2024 година.

Според извештајот на Банката на Русија, главниот фактор што влијае на стапката на инфлација е „значително побрзиот“ раст на домашната побарувачка. Друг фактор е индиректниот ефект на депрецијацијата на рубљата. Централната банка во јули ја зголеми каматната стапка од 7,5 на 8,5 отсто, а се очекуваат натамошни зголемувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП