2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВојната и санкциите доведоа до раст на руското рударење на биткоин

Војната и санкциите доведоа до раст на руското рударење на биткоин

Руската индустрија за биткоин цвета среде војната во Украина и западните санкции.

Според „CoinDesk“, производителите на хардвер уживаат во динамичен бизнис, а Русија увезува повеќе машини за ископување криптовалути од кое било друго место во светот.

Благодарение на евтината енергија и студеното време, Русија долго време е центар за ископ на биткоини, а откако Кина ги забрани во 2021-ва година, земјата доби уште поголем удел на пазарот – сето тоа продолжи дури и во услови на војна, забележува „BusinessInsider“.

Иако постои ризик странските компании да работат во Русија, условите и подобрувањето на економијата се атрактивни како магнезиумот, објаснија директорите на блокчејн компаниите на фестивалот „Consensus 2023“ на „CoinDesk“.

Зголемената регулаторна контрола и даноците во САД и другите земји, исто така, ги оддалечија инвеститорите од можностите на Запад и кон земјата на Владимир Путин.

„Во 2022-ра година, Русија мораше да го пренасочи својот проток на енергија од ЕУ, а бидејќи остана со голем вишок капацитет, рударството на биткоин може да стане нејзин нов клиент. Со евтината енергија главен двигател на профитот од рударството, регионот изгледа подготвен да расте и да привлече повеќе бизниси“, пишува во извештајот на компанијата „Cryptocurrency Mining Group“.

Според изворите на „CoinDesk“, производителите „Bitmain“ и „MicroBT“ се активни и вклучени на рускиот пазар, а „Bitmain“ на својата веб-страница наведува канцеларија во Москва. Според извештајот, двете компании нудат услуги за поправка на локалните рудари во Русија.

Во меѓувреме, аналитичарите сугерираат дека санкциите поради војната во Украина можеби обезбедиле просперитет за крипто индустријата. Прво, ископувањето биткоин нуди различен извор на приход за производителите на енергија кои се попречени од слабеењето на економијата. И второ, секторот ја олеснува размената на рубли за биткоини, кои се прифатени на глобално ниво, за разлика од руската локална валута, додаваат аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП