3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОвој пијалок е „смрт“ за срцето: Ако имате над 40 години, веднаш...

Овој пијалок е „смрт“ за срцето: Ако имате над 40 години, веднаш заборавете го

Како што стареете, почнувате се повеќе и повеќе да размислувате за ефектите на алкохолот врз вашето здравје. Постојат неколку алкохолни пијалоци кои треба да се избегнуваат бидејќи лошо делуваат на срцето.

На прво место е румот помешан со сода. Во интервју за списанието Eat This, Not That, д-р Лиза Јанг додаде дека всушност секој алкохолен пијалок во комбинација со газирани пијалоци е нездрав за срцето.

Истражувањето неодамна објавено во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија покажа дека оние кои редовно консумираат газирани пијалоци имаат зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Во комбинација со алкохол, тие можат да бидат фатални.

Друг пијалок што треба да се избегнува е коктелот “пиња колада”.

„Се прави со рум, сок од ананас и кокосово млеко, кои се богати со шеќер и заситени масти“, рече д-р Јанг. Заситените масти го зголемуваат нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол, што доведува до компликации на срцето.

Друг нездрав пијалок е ледениот коктел Лонг Ајленд бидејќи е богат со шеќер и калории.

„Содржи алкохол, сируп, сода и уште неколку слатко-кисели состојки кои се штетни за срцето“, вели таа.

Овој коктел е вкусен и дефинитивно ќе ве опие многу побрзо од повеќето коктели, но бидете внимателни бидејќи вишокот шеќер и алкохол сепак не се добра идеја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП