2 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на еврозоната забележа раст од 0,3 отсто на квартално ниво, за...

Економијата на еврозоната забележа раст од 0,3 отсто на квартално ниво, за 0,6 отсто на годишно ниво

Според прелиминарните податоци, економијата на еврозоната пораснала за 0,3 отсто во вториот квартал, од април до јуни, во однос на претходниот квартал, додека економијата на ЕУ стагнирала, објави денеска Евростат.

Резултатот малку ги надмина очекувањата на пазарот, кои предвидуваа квартален економски раст од 0,2 отсто на годишно ниво во еврозоната.

Највисок квартален раст на БДП е забележан во Ирска – 3,3 отсто, и Литванија – 2,8 отсто, а пад на економијата во однос на претходниот квартал е забележан во Шведска – за 1,5 отсто, Латвија – 0,6 отсто, Австрија – 0,4 отсто, а Италија – 0,3 отсто.

На годишно ниво раст на БДП од 0,6 отсто е забележан во еврозоната и 0,5 отсто на ниво на ЕУ.
Меѓугодишен раст на БДП е забележан во седум земји-членки на ЕУ, а највисок е во Ирска – 2,8 проценти, Португалија – 2,3 проценти и Шпанија – 1,8 проценти.

Најголем пад на годишно ниво во однос на вториот квартал од минатата година е забележан во Шведска – 2,4 отсто, Чешка – 0,6 отсто и Летонија – 0,5 отсто. Податоците за некои земји-членки на ЕУ се уште не се достапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП