2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНигер: Пучистите ја обвинуваат Франција дека сака воено да интервенира

Нигер: Пучистите ја обвинуваат Франција дека сака воено да интервенира

Војниците на Нигер кои го соборија избраниот претседател Мохамед Базум ја обвинија Франција дека сака „воено да интервенира“ за да го врати претседателот на неговите функции, се вели во соопштението објавено денеска на националната телевизија.

„Барајќи начини и средства за воена интервенција во Нигер, Франција со соучесништво на некои Нигерци, одржа состанок во Генералштабот на Националната гарда на Нигер за да ги добие потребните политички и воени одобренија“, се вели во соопштението.

Во посебна изјава пучистите ги обвинуваат „безбедносните служби“ на една „западна амбасада“, без да прецизираат која, дека вчера во главниот град Ниамеј, пукале солзавец врз демонстрантите кои ја поддржувале воената хунта, а како резултат на тоа , шест лица се повредени и префрлени во болници.

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата се закани дека ќе одговори „веднаш и немилосрдно“ на секој напад врз француските граѓани и француските интереси во Нигер, каде илјадници демонстранти кои го поддржуваат воениот удар ја нападнаа француската амбасада во Нијамеј.

Некои се обидоа да упаднат во амбасадата и беа растерани со солзавец.

Нигер е стратешки партнер на Франција, која моментално има околу 1.500 војници во таа земја, што е клучно за борбата против џихадистите.

Западноафриканските земји во неделата упатија еднонеделен ултиматум до воената хунта во Нигер за целосно враќање на уставниот поредок, велејќи дека не исклучува употреба на сила доколку е потребно.

Франција ги поздрави одлуките што ги донесоа шефовите на држави на Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), кои се собраа вчера во Абуџа во соседна Нигерија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП