4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКаде да одите овој период од годината: планинска авантура на Плачковица и...

Каде да одите овој период од годината: планинска авантура на Плачковица и Бел Камен!

Високите температури буквално го парализираа животот во урбаните средини. Во ваква ситуација посакуване некаде да побегнете, на некое различно, интересно место, со прекрасна глетка, мир и преубава природа…. кое изобилува со природни убавини и пејзажи од кои застанува здивот. А тие места и не се така далеку и недостапни! Овој период, искористете ја шансата да режирате за себе едно невообичаено патување и да ја разгледате прекрасната планина Плачковица во сиот нејзин сјај!

Една поинаква околина – подалеку од метежот во големите градови… А кога веќе ќе стигнете таму, ќе ве пречекаат гостопримливите радовишани и пространите планински предели кои со сигурност ќе ве инспирираат да го извадите природното од себе.

Уште од моментот кога влегувате на територијата на радовишкиот крај можете да почувствувате како пристапувате кон еден различен крај на земјата. Летните месеци ја бојат планината Плачковица во зелена боја, ги будат густите шуми и нудат повеќе начини на кои можете да го организирате вашиот престој таму. Посвежата клима во однос на остатокот од земјата и планинските предели погодни за долги прошетки го прават овој крај идеална дестинација за сите туристи кои сакаат тивок и релаксирачки одмор.

Mожете да уживате во недопрената природа, маркираните патеки за планинарење и планински велосипедизам, но и автентичните локални специјалитети подготвени во хотелскиот комплекс Бел Камен. За сите оние кои сакаат да уживаат х. Бел камен нуди гостопримство и лепеза на гастрономски специјалитети инспирирани од локалното национално богатство на македонската кујна, со посебен акцент на користење на производи од органско потекло. Содржи и прекрасен СПА центар со џакузи, парна бања, финска сауна, надворешен базен, како и спортски терени за кошарка, тенис, фудбал и голф, како и обележани патеки низ планината Плачковица.

Обиколен со богата густа букова и борова шума на надморска висина од 1400 м. хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН е идеален за вистински одмор и рекреација посебно во овој период од годината, бидејки се наоѓа во предел кој изобилува со природни убавини како што се високи карпи, длабока шума, флора и фауна кои можат да се сретнат само во оваа околина. Температурите во лето се движат од 23°С до 27°С преку ден, а преку ноќ се спуштаат и до 12-15°С. Притоа, поради густите планински шуми и високата концентрација на кислород, многу посетители доаѓаат не само „да ги наполнат батериите“ туку и за рехабилитација. И секако секогаш со себе имајте ја најдобрата медицинска заштита од сонце!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП