5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе се потпира главно на увоз на водород

Германија ќе се потпира главно на увоз на водород

Германија ќе увезува голем дел од водородот што ќе го користи, според ажурираната владина стратегија која беше одобрена минатата недела. До 2045-та година, најголемата европска економија ќе стане климатски неутрална, а водородот е суштински дел од тој план.

Според проценките на Берлин, производството на водород за целосно покривање на потрошувачката не е економски исплатливо. Аналитичарите додаваат дека капацитетот на зелените централи всушност не е доволен за производство на потребните количини гас.

Стратегијата, исто така, дозволува производство на водород од фосилни горива доколку се зафатат емисиите на јаглерод. Сепак, само проектите за производство на зелен водород ќе можат да добијат субвенции.

Документот предвидува изградба на 2,5 гигавати капацитет за производство на водород до крајот на 2023-та година, како и издвојување на 700 милиони евра за истражувачки проекти поврзани со гасот.

Водородот ќе биде главниот извор на енергија за германската индустрија што не може да се електрифицира, хемиската и производството на челик, под целите за декарбонизација. Во спроведувањето на плановите за напуштање на фосилните горива, Берлин ќе се потпира и на сончевата и ветерната енергија.

Сепак, стратегијата покажува дека дури и да го удвои својот капацитет (на 10 гигавати) за производство на зелен водород до 2030-та година, земјата ќе мора да увезува меѓу 50 и 70% од својата потрошувачка до крајот на деценијата.

Владата прецизира дека се развива посебна стратегија за диверзификација на увозот на водород, што ќе се врши преку бродови.

Екологистите ги критикуваа плановите на владата, кои ја ограничуваат употребата на водород главно на индустријата, но нема мерки за поттикнување на водородот за греење и транспорт на домаќинствата. Не се развиени одржливи критериуми за производство на водород, посочуваат оттаму.

Организациите бараат укинување на синиот водород, кој се произведува од природен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП