3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОгромно лого Х се појави на зградата на Твитер, луѓето пишуваат: „Изгледа...

Огромно лого Х се појави на зградата на Твитер, луѓето пишуваат: „Изгледа страшно“

Илон Маск го смени логото на Твитер од препознатливата сина птица во огромен Х, кој сега се појави на зградата на компанијата која се наоѓа во Сан Франциско.

Откако на интернет се појави фотографија со новото лого на зградата, луѓето почнаа да се потсмеваат на потегот на Маск.

Од пиленце до Х

„Изгледа страшно“, коментира еден корисник на Твитер.

„За ова го отфрлија едно од најпрепознатливите логоа на интернет, навистина не ми се верува“, напиша друг.

„Навистина е импресивно колку е просечно сè што прави овој човек“, коментира трет, додека четвртиот забележал: „Тие дури и не го симнаа знакот на Твитер“.

„Дали ова е направено од отпад? го праша петтиот, а шестиот заклучи: „Изгледа како тотална глупост“.

Маск, исто така, се огласи, твитајќи фотографии и видеа од новиот знак и ги информираше корисниците на Твитер дека „сопственикот на зградата постојано повикува полиција поради промената на знакот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП