24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија стагнираше во вториот квартал

Германската економија стагнираше во вториот квартал

Бруто домашниот производ (БДП) на Германија во вториот квартал годинава остана непроменет во однос на првиот, но во однос на истиот период лани, според сезонски прилагодените податоци, е намален за 0,2 отсто, објави државниот завод за статистика Дестатис.

По слабиот зимски период, личната потрошувачка се стабилизираше во вториот квартал.

Иако најголемата европска економија излезе од рецесија, резултатот – ова е првата проценка – сепак е полош од прогнозите на аналитичарите кои, според странските новински агенции, очекуваа раст на БДП од 0,3 отсто.

Истовремено, Дестатис ги коригира податоците за првиот квартал годинава и последниот квартал од минатата година. Во првите три месеци од годинава падот на БДП беше 0,1, а не 0,3 отсто, а во последните три месеци од минатата година беше 0,4, а не 0,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП