3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Кириите растат, но нови домови нема

Германија: Кириите растат, но нови домови нема

Големата побарувачка за станови во Германија и бавната изградба на нови згради ги зголемуваат кириите.

Ова го покажуваат резултатите од новата студија цитирана од ДПА.

Во првата половина од годината цените на киријата во Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Дизелдорф, Штутгарт и Лајпциг пораснаа во просек за 6,7%, се вели во извештајот на водечката компанија за недвижности „Jones Lang LaSalle“.

За истиот период лани кириите пораснале за 3,7%. Порастот на цените е особено изразен во Берлин и Лајпциг. Таму кириите поскапеа за повеќе од 10%, додава ДПА.

Во 2022-ра година, Берлин забележа 86.000 новодојденци и само 17.000 нови станови завршени, според „JLL“. Во другите големи градови кириите растат поумерено, а во Штутгарт дури благо паѓаат.

„Во големите градови има огромен недостиг од станови, кој само ќе се продлабочи поради падот на станбената изградба“, коментира експертот на компанијата Роман Хајдрих.

„Не очекуваме веднаш прекин на поскапувањето на киријата“, додава експертот.

Истражувањето ги покажува и разликите во кириите меѓу осумте поголеми градови во Германија и остатокот од Германија. Цената на квадрат во нив е во просек 15 евра, што е за 50% повеќе отколку во помалите градови (10 евра) и за 79% повеќе отколку во руралните средини (8,60 евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП