Министерот за економија, Крешник Бектеши, прво се извини затоа што вчера ја одложил прес-конференцијата, потенцираше дека имале дебата со колегите министри, па кажа дека никогаш не е ставен било кој во заблуда за време на владините седници кога се зборувало за концесијата на „Иловица“. Образложуваше какви се документи има во неговите фиоки и што е доставено до Владата. Очекува од сите министри да кажат дека тој и Министерството за економија, не ги довеле во заблуда.
„Очекувам и другите колеги да потврдат дека Министерството за економија, не излажало, ниту измамило некого, ниту ставило некого во заблуда. Ние сме доставиле хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 до денеска во предлог одлуката за спојување и образложение, тоа е доставено до Владата и не се менувало ниту информацијата ниту образложението. Ова е политичка Влада и се носат и политички одлуки“, рече Бектеши.

