1 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАДо аеродромот во Петровец ќе одиме со брз воз?

До аеродромот во Петровец ќе одиме со брз воз?

Земјава активно бара и се надева дека ќе биде дел од изградбата на брзата пруга в долж Коридорот 10, а македонското Министерство за транспорт и врски веќе го изработи текстот на меморандумот за соработка со српското Министерство за транспорт, кој веќе е поминат и одобрен на владина седница.

Според плановите, Македонија треба да се поврзе од линијата од Прешево, односно од граничниот премин „Табановце“ до Скопје, а исто така треба да добие железнички крак до аеродромот во Петровец.

Брзата пруга треба да се протега од Будимпешта до нашиот главен град, а брзиот воз ќе ги минува градовите Белград и Ниш. Крајната дестинација, секако, ќе биде железничката станица во Скопје, но патниците кои ќе допатуваат со возот ќе имаат можност директно да се симнат и на новата железничка станица којашто ќе биде изградена кај аеродромот во Петровец.

Потпишувањето на меморандумот за соработка со Србија, како што дознаваме, е планирано да се случи на крајот на август или на почетокот на септември годинава, додека, пак, конечниот термин ќе зависи од обврските на претставниците на македонската и на српската влада, а кои би присуствувале на официјалното пристапување на земјава кон изградба на брзата пруга.

Српските и унгарските министри за транспорт на крајот на март годинава ги поканија колегите од регионот да се приклучат на изградбата на брзата железница.

Покани беа испратени и до Бугарија, Албанија, Грција и до Турција, па голема е веројатноста дека наскоро ќе ни биде овозможено со воз да одиме на летување кај нашиот јужен сосед.

Брзата железница би го поврзала северниот дел од регионот со турскиот и грчкиот брег за патнички и за карго-сообраќај. Брзата пруга од Белград треба да продолжи во три правци, преку Бугарија во правец кон Турција и преку Македонија во правец кон Грција, односно кон Албанија, да ја прошири мрежата на брзи.

Според владини извори од Србија, која е и главен носител на реализацијата на овој проект, возовите од Белград до Ниш би се движеле со брзина од 200 километри на час, а од Ниш до македонската граница со брзина од 120 до 160 километри на час.

Засега останува енигма прашањето со колкава брзина би се движел брзиот воз низ територијата на Македонија, ако се земе предвид лошата состојба на пругите и принуденоста на нашите возови на некои делови да возат со едвај 20 километри на час.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП