Владата на денешната седница донесе одлука во учебната 2023/2024 година учениците од основното и средното образование да имаат и пролетен распуст.
Согласно одлуката, почетокот на учебната година е 1 септември, првото полугодие треба да заврши на 29 декември 2023 година, а од 30 декември 2023 година учениците ќе користат зимски одмор, при што почетокот на второто полугодие е предвиден за 22 јануари 2024 година.

