2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„TikTok“ ја загрозува конкуренцијата, сега дозволува и текстуални објави

„TikTok“ ја загрозува конкуренцијата, сега дозволува и текстуални објави

Популарната социјална мрежа најави нова функција, која им овозможува на корисниците да креираат текстуални објави, преку кои ќе можат да ги споделуваат своите приказни, песни, текстови и други пишани содржини, што ќе им овозможи дополнителен начин на изразување.

Алатката е лесна за употреба. Само треба да отидете на страната Камера на апликацијата и да ја изберете опцијата „текст“.

Таму ќе можете да пишувате што сакате, да додавате звуци, да означувате локации, да овозможувате коментари и да се интегрирате со дуети.

Од компанијата истакнуваат дека овие текстуални објави ќе бидат интерактивни и динамични како и видео и фото објави. Можноста за додавање бои на позадина, хаштагови (#) и налепници ќе придонесе за ова.

Како и видеата и фотографиите, секоја објава ќе може да се зачува во нацрт за понатамошна обработка или бришење ако нешто не ви се допаѓа.

Многумина ќе забележат сличности со „Instagram Stories“ за креирање текстуални објави, што не е изненадување.

Ова не е прв пат „TikTok“ да го копира „Instagram“ и да се инспирира од него (или обратно). Минатата година, „TikTok“ додаде фотографии на своите функции, кои придружуваа видео клипови во кратки форми. Режимот за фотографии на „TikTok“ наиде на неодобрување од многумина, но стана многу популарен, што компанијата се надева и на новиот режим на текст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП