Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот за правни норми за воведување на дигиталната рубља.
Законот ги воведува основните концепти за дигиталната рубља, го дефинира нејзиниот правен статус, како и трансакциите со оваа валута на посебна платформа со која ќе управува Банката на Русија, пренесува РИА Новости.
Операторот на платформата, Руската централна банка, ќе има право да обработува лични податоци. Планирано е оваа услуга да биде бесплатна за физички лица, додека правните лица ќе плаќаат 0,3 отсто од вкупната вредност на трансакцијата.
Според овој закон, терминот „девизи“ во иднина ќе ги вклучува и валутите на странски држави во дигитална форма. Главните одредби од законот стапуваат во сила на 1-ви август 2023-та година.