8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд полноќ повисока цена на бензините

Од полноќ повисока цена на бензините

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 0,34 % во однос на одлуката од 20.7.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,133 %, кај дизелот 1,937 %, кај екстра-лесното масло зголемување од 2,431 % и кај мазутот намалувањето е 0,446 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,39 %

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,293 денари/кг и сега ќе изнесува 41,001 денар/кг.

Од 25.7.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,50 (денара/литар)

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,50 (денара/литар)

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 72,50 (денара/литар)

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 71,50 (денар/литар)

„мазут М-1 НС“ – 41,001 (денар/килограм)

Ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 25.7.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП