Во првата половина од годината, Германија додаде 1,56 гигавати нов копнеен ветерен капацитет или зголемување од 60% во однос на истиот период во 2022-ра година, кога новиот капацитет беше 0,97 гигавати. И покрај забрзувањето на процесот, земјата сѐ уште е значително зад своите планови за зелена транзиција до 2030-та година, пишува „Reuters“.
Во Германија беше усвоен план до крајот на оваа деценија да има 80% од енергетскиот микс од зелени извори за да се намали јаглеродот. Клучни елементи во оваа стратегија се напуштањето на јагленот и изградбата на ветерни електрани. Во моментов во Германија се инсталирани 59,3 гигавати копнени ветерни централи, а до 2030-та година производниот капацитет треба да се зголеми на 115 гигавати.

