6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFedNow овозможува трансакции во реално време

FedNow овозможува трансакции во реално време

Банката на федерални резерви го лансираше FedNow, нов систем за плаќање во реално време, најголем напредок во последните децении за застарената мрежа за трансфер на пари во Америка.

Банката на федерални резерви(ФЕД) ќе им дозволи на Американците да префрлаат пари по електронски пат за неколку секунди, што е значаен чекор напред за земја во која хартиените чекови и готовината се сè уште популарни, додека банкарските трансфери може да траат со денови, пишува „Фајненшл тајмс“.

Претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека новата услуга ќе помогне да се направат „секојдневните плаќања побрзи и поудобни“. Тој изјави дека со текот на времето се повеќе банки ќе ја користат новата алатка која ќе биде предност за физичките лица и компаниите кои ќе имаат пристап до своите пари веднаш по уплатата.

FedNow е во развој од 2019 година и ќе дозволи инстант трансфери до 500.000 долари. Тоа е значително помалку од просечната трансакција од околу 5 милиони долари за Fedwire, системот за трансфер на пари на ФЕД што го користат банките, компаниите и владините агенции.

Само мал број од 4.000 банки во САД се пријавиле за FedNow, вклучувајќи ги JPMorgan Chase и Wells Fargo. ФЕД соопшти дека бројот на банки во системот FedNow значително ќе се зголеми со текот на времето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП