2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија одбива да ги регулира криптовалутите како коцкање

Британија одбива да ги регулира криптовалутите како коцкање

Регулирањето на крипто-средствата како форма на коцкање ќе ја стави Обединетото Кралство во судир со глобалните и регулаторите на Европската унија и нема да ги намали ризиците во секторот.

Ова мислење го изрази британскиот министер за финансии Ендрју Грифит, цитиран од „Reuters“.

Парламентарната Комисија за финансии во извештајот во мај рече дека биткоинот, етерот и другите „необезбедени“ криптовалути треба да се регулираат како коцкање со оглед на значителните ризици што ги претставуваат за корисниците.

Законодавците стравуваат дека третирањето на секторот како финансиска услуга ќе ги натера потрошувачите да мислат дека е побезбеден отколку што е, при што британските регулатори ги предупредуваат инвеститорите дека би можеле да ги загубат сите свои пари.

Министерството за финансии „категорично не се согласува“ со препораката за регулирање на малопродажната и инвестициската активност на необезбедените крипто-средства како коцкање, а не како финансиска услуга, рече Грифит како одговор на извештајот на комисијата.

„Регулативата за коцкање веројатно нема да ги реши ризиците од колапс на „FTX“ – крипто берзата. Тоа, исто така, би било во целосна спротивност со глобално прифатените препораки од светските тела за поставување стандарди, вклучително и Меѓународната организација на комисии за хартии од вредност (IOSCO) и Одборот за финансиска стабилност на Г20 (ФСБ) во кој се вклучени националните регулатори“, вели министерот Грифит.

„IOSCO“ го предложи првиот сет на правила во светот за крипто секторот во мај, а ФСБ го следеше со дополнителни стандарди.

ЕУ го одобри првиот сет на сеопфатни правила во светот за тргување со крипто средства, кои ќе стапат на сила од средината на 2024-та година.

Британија има амбиции да стане глобален центар за криптовалути и сродни блокчејн технологии и веќе работи на регулативи за овој сектор, забележува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП