8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSEC одобри шест предлози за биткоин ЕТФ

SEC одобри шест предлози за биткоин ЕТФ

Американската комисија за хартии од вредност (SEC) ги прифати апликациите за создавање спот биткоин фондови со кои се тргува на берза од шест големи фирми за управување со средства, вклучувајќи го и BlackRock, што е првиот чекор во процесот на агенцијата да одлучи дали да го одобри или не последниот круг предлози.

SEC, исто така, формално ги одобри поднесоците од Bitwise, VanEck, WisdomTree, Fidelity и Invesco за слични биткоин спот ЕТФ, при што тие предлози се појавуваат во Федералниот регистар, пренесува Ројтерс.

SEC претходно отфрли десетици апликации за биткоин ЕТФ, велејќи дека предлозите не ги исполнуваат стандардите за заштита од измами на инвеститорите.

Но, Nasdaq – берзата на која BlackRock предложи да го стави својот ЕТФ – рече претходно овој месец дека ќе ги реши тие проблеми со соработка со Coinbase, најголемата американска крипто берза.

Првиот биткоин фјучерс ЕТФ беше одобрен во октомври 2021 година, со што вредноста на биткоинот достигна историски максимум од 69.000 долари.

Спот ЕТФ директно ја следат цената на криптовалутата, додека ЕТФ базирани на фјучерси ја следат цената на фјучерс договор за биткоин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП