19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цените во Велика Британија во јуни 7,9 отсто

Раст на цените во Велика Британија во јуни 7,9 отсто

Инфлацијата во Обединетото Кралство падна на 7,9 отсто во јуни, најниска во последните 15 месеци и пад на цените поголем од очекуваниот. Истовремено, вредноста на фунтата ослабе, додека берзанскиот индекс ФТСЕ 100 зајакна.

Податоците од средата ги наведоа инвеститорите да ги намалат нивните очекувања за пораст на каматните стапки, а пазарот сега ја очекува одлуката на Банката на Англија да ги зголеми каматните стапки за 0,25 отсто, наместо за 0,50 отсто, на следниот состанок на 3 август, пишува Фајненшл тајмс. Фунтата падна на неделното ниско ниво од 1,2897 долари.

Посочувајќи дека инфлацијата паднала од 8,7 отсто во мај, а прогнозите на економистите за јуни велат дека јунската инфлација ќе изнесува 8,2 отсто, Заводот за национална статистика соопшти дека завршил четиримесечниот период во кој инфлацијата ги надмина прогнозите.

Благодарение на падот на трошоците за гориво, вкупната инфлација беше најниска од март 2022 година, додека базичната инфлација, која ги исклучува цените на храната и горивата, падна на 6,9 отсто. Тоа, според пазарните очекувања измерени на 60 отсто, би требало да ја наведе централната банка да ги зголеми каматните стапки за 0,25 отсто на 5,25 отсто.

Трговците очекуваат референтните каматни стапки на Банката на Англија да го достигнат врвот следната година со нешто помалку од шест проценти. Пред објавувањето на новите податоци за инфлацијата, се очекуваше каматните стапки да се искачат над шест проценти. Вредноста на акциите на компаниите за недвижнини се зголеми, што придонесе за раст на лондонскиот индекс FTSE 100, кој зајакна за 1,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП