28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМи наточија 30 литри плин во 24-литарска боца – измамени скопјани се...

Ми наточија 30 литри плин во 24-литарска боца – измамени скопјани се жалат од „чкљ“ бензиски пумпи

Колку често полните гориво во својот автомобил од локална приватна бензиска станица и колку често гледате во бројчаникот кој ги отчукува литрите гориво што се префрлаат во вашиот резервоар?

Ако полните често и ако воопшто не гледате во бројчаникот, тогаш можеби му го нанесувате најголемото зло на сопствениот автомобил, но и на сопствениот џеб.

Оти, како што сведочат наши читатели, некои приватни бензиски пумпи „без пардон“ ги ограбуваат потрошувачите.

-Заборавив да ставам плин во автомобилот, а веќе се наоѓав во една од периферните населби на Скопје. Немав друго решение освен да застанам во најблиската бензиска станица и да ја наполнам 24-литарската боца со плин. Дојде вработениот, му кажав да ја наполни боцата до врв, а јас застанав покрај возилото и се загледав во бројчаникот. Замислете, бројчаникот отчука, ни помалку ни повеќе, точно 30 литри плин. Го прашав вработениот дали е свесен за тоа што го прави, а тој се обидуваше на сите начини да ја сокрие измамата. Како е можно во плинска боца од 24 литри да ставите 30 литри плин? За да биде уште посмешно, пумпашот ми рече дека тоа се должело на летното време и дека волуменот на боцата се зголемувал и се ширел поради горештините. Го запрашав дали можеби тоа беше за студеното време. Се подзамисли, се насмевна и ми се извини – раскажува Мартин од Скопје.

Од друга страна, пак, во однос на квалитетот на горивото, властите тврдат дека бензините на домашниот пазар се со многу добар квалитет, иако признаваат дека во изминатиот период се забележани и мали отстапувања кај некои приватни бензински пумпи.

Надлежните велат дека постојано се испитуваат параметрите на мазутот и на дизелот со цел да се запази еколошкиот момент, иако и кај овие два деривата биле откриени мали отстапувања.

Од Министерството за економија велат дека постои Правилник за квалитетот на нафтените деривати кој е усогласен со европските стандарди и сите мора да се придржуваат до него.

Секое отстапување повлекува прекршочни пријави од страна на пазарните инспектори. Граѓаните мора да бидат заштитени и уверени во квалитетот на енергенсите и идна цел е процесот на поставување на гасомерите, со цел конечно да заживее гасоводниот систем во државата – велат од Министерството за економија.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП