28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИфо: Економистите очекуваат повисока инфлација и во наредните години

Ифо: Економистите очекуваат повисока инфлација и во наредните години

Инфлацијата во светот ќе остане висока и во наредните години, очекуваат економисти од 133 земји кои учествуваа во истражувањето на германскиот институт Ифо и швајцарскиот институт Коф. Тие предвидуваат глобална инфлација од 7,0% за оваа година, 6,0% за 2024 година и 4,9% за 2026 година.

„Очекувањата за 2023 година и следните години се практично исти како оние од истражувањето во првиот квартал… Ќе треба да се подготвиме за високи нивоа на инфлација“, вели истражувачот на Ифо, Никлас Потрафке.

Испитаниците – 1.405 економисти од 133 земји учествувале во истражувањето на крајот на јуни и почетокот на јули – очекуваат дека годинава инфлацијата во САД ќе биде 4,6 проценти, Велика Британија 7,6 проценти, Германија 5,8 проценти, Ирска 5,5 проценти, а во Канада 4,4 отсто. Тоа треба да биде 4,9% во Западна Европа, 13,5% во Источна Европа, 7,9% во Јужна Европа и 7,5% во Северна Европа. Се проценува на 4,5% во Северна Америка и 4,8% во Југоисточна Азија.

За 2024 година, инфлацијата се очекува да биде 3,4% во Западна Европа, 9,5% во Источна Европа, 5,8% во Јужна Европа и 4,8% во Северна Европа. Се очекува следната година да биде 3,5% во Северна Америка и 3,9% во Југоисточна Азија.

За 2026 година се предвидува инфлација од 2,6% за Западна Европа, 7,0% за Источна Европа, 4,1% за Јужна Европа и 3,5% за Северна Европа. Тоа треба да биде 2,7 отсто во Северна Америка и 3,6 отсто во Југоисточна Азија.

Највисоки стапки се очекуваат во Јужна Америка (23,3, 15,7 и 9,3 отсто во 2023, 2024 и 2026 година) и во Источна Африка (109,9, 32,9 и 21,6 отсто) и Северна Африка (63,9, 50,0 и 29,1 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП