3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск со новата AI компанија ќе работи на разбирање на универзумот

Маск со новата AI компанија ќе работи на разбирање на универзумот

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека целта на неговата нова компанија за вештачка интелигенција „xAI“ е „да го разбере универзумот“, пренесува денеска Ројтерс.

Во 90-минутниот аудио разговор на Твитер, Маск за прв пат зборуваше за својата визија за „xAI“ и повремено се префрла на теми како што се еволуцијата на Земјата и кревкоста на цивилизацијата.

Во обид да го продлабочи своето разбирање за универзумот, Маск се пошегува дека мисијата на „xAI“ е, како што рече, да истражува „што по ѓаволите се случува овде?“.

Маск го најави формирањето на „xAI“ уште во средата, откако ги обвини компаниите како „OpenAI“ и „Google“ дека ја развиваат технологијата без да ги земат предвид ризиците за луѓето. OpenAI и Google не одговорија на барањето за коментар.

Маск рече дека „xAI“ ќе се обиде да биде „добра вештачка интелигенција“ (AGI), како алтернатива на „Microsoft“, „Google“ и „OpenAI“. AGI се смета за општа интелигенција која може да решава проблеми како човек.

Тој додаде дека „xAI“ ќе соработува тесно со другите негови компании како Twitter и Tesla.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП