Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот “Беласица”. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.
Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантниинституции и компании.

