27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Најмногу се работи на Балканот

Евростат: Најмногу се работи на Балканот

Според податоците на Евростат, Службата за статистика на ЕУ, вработените во Црна Гора работат 42,8 часа неделно, потоа Србија со 42,3 часа, Турција со 42,9 часа, а Македонија е на дното со 39 часа неделно.

Просечните работни часови неделно во Европа варираат во голема мера, пишува „Euronews“, додавајќи дека особено земјите со поголем број на работници со скратено работно време пријавиле пократки просечни работни недели.

Минатата година, просечниот број на вистински неделни работни часови, според податоците на Евростат, на главната работа во ЕУ се движеше од 32,4 часа во Холандија до 39,7 часа во Грција и Романија.

Ова ги вклучува и работниците со полно и со скратено работно време на возраст од 20-64 години.

По Грција и Романија следат Полска 39,5 часа, Бугарија (39,2 часа) и Северна Македонија 39 часа, објави порталот РТЦГ. Сето ова, се вели, сугерира дека луѓето во балканските земји имаат најдолго просечно работно време неделно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП