12 мај, 2024
ПочетнаСВЕТВагнер предаде повеќе од 2.500 тони муниција и опрема

Вагнер предаде повеќе од 2.500 тони муниција и опрема

Русија втора ноќ по ред го нападна Киев и неговата околина со беспилотни летала. Засега нема информации за човечки жртви. Шефот на руската дипломатија за индонезиските медиуми изјави дека војната во Украина нема да заврши додека Западот не се откаже од обидот воено да ја победи Русија.

Украина известува за напади со беспилотни летала врз главниот град Киев втора ноќ по ред. Тврдат дека сите се урнати и дека нема жртви или поголеми штети. Украинските сили одбија десетици напади. Во источниот и југоисточниот дел на земјата, сепак, продолжуваат тешките борби.

Руската платеничка група „Вагнер“ на руското Министерство за одбрана му предаде големо количество тешко оружје, воена опрема и илјадници тони муниција.

-Вагнер предаде тенкови Т-90 и Т-80, повеќецевни ракетни фрлачи и различни артилериски системи, изјави денеска во Москва портпаролот на министерството Игор Конашенков.

-Дополнително, предале повеќе од 2.500 тони разновидна муниција и 20.000 огнено оружје, рече тој.

-Објавена е и снимка од тоа оружје. Целата воена опрема ќе биде сервисирана и употребена, рече портпаролот.

Водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин се побуни против Москва минатиот месец. Тој го заврши бунтот на 24 јуни кога неговите сили беа на помалку од 200 километри од Москва по интервенцијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

За возврат, тој и неговите борци добија имунитет од прогон. Неколку дена подоцна тој се сретна со Путин. Кремљ не соопшти какви се резултатите од тој состанок.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш му предложил на рускиот претседател Владимир Путин да го продолжи договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море, а за возврат понудил поврзување на филијала на Руската земјоделска банка со меѓународниот платен систем SWIFT, изјавиле извори за Ројтерс во средата.

Русија се заканува дека ќе го раскине договорот, кој истекува во понеделник, бидејќи и е тешко да извезува сопствено жито и ѓубриво.

Клучно руско барање е повторно поврзување на руската земјоделска банка Роселхозбанк со SWIFT. Таа беше исклучена од Европската унија во јуни 2022 година поради инвазијата на Украина. Портпаролот на ЕУ во мај изјави дека ЕУ не размислува за враќање на руските банки во SWIFT.

Но, ЕУ размислува да се поврзе со филијалите на SWIFT на Роселхозбанк за да овозможи трансакции со жито и ѓубрива, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП