3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтан во Солун, вила на краците или сепак викендица во Маврово?

Стан во Солун, вила на краците или сепак викендица во Маврово?

По означувањето крај на пандемијата со коронавирусот и по укинувањето на сите мерки за заштита и полициски часови, Македонците очигледно сфатија што им недостигало во животот, па сега удрија на купување недвижен имот.

Се градат вили во скопско Кучково, се купуваат викендици во Маврово и станови во Охрид, а ништо помал не е бројот на нашинци кои решаваат своите пари да ги вложат во некоја убава куќа на Халкидики или во некој луксузен стан во Солун.

Причина за ваквиот интерес, појаснуваат познавачите на приликите, е тоа што цените на недвижностите во Македонија значително се зголемија и скоро се изедначија со вредноста на недвижности коишто можат да се купат на Егејско Море.

А за да купите имот во Грција треба да имате само пари во кеш или на картичка, бидејќи сѐ останато тече како во Македонија.

На пример, за да купите куќа на краците, воопшто не ви е потребно да контактирате и да најмувате агенти за продажба на недвижности, туку потребно е само да отворите лап-топ и да се логирате на Фејсбук, бидејќи социјалните мрежи се буквално преплавени со понуди.

Сепак, Денар контактираше вработени во домашни агенции за недвижности и се распраша како се движат цените и кои делови во Грција им се омилени на Македонците кога се работи за купување имот.

Па така, како што истакнаа нашите соговорници, најмногу имоти за продажба се нудат во туристичките места Касандра, Атос и Ситонија, а не е исклучок ниту Неа Каликратија и Агиа Триада, но како што потенцираат – таму се продаваат полуксузни и поскапи вили и станови.

-Македонците најчесто купуваат вили и станоци до 120 метри квадратни во Грција. Некој си купува имот за себе, а многумина го прават тоа за издавање на туристи, односно за бизнис. Цените на становите среде туристички места се движат колку и становите во Скопје и во Охрид. На пример, цената за нов и ненаместен стан на море изнесува околу 1.400 евра, па сѐ до 3.000 евра за квадрат. Има и малку постари станови од 40 метри квадратни кои се наоѓаат на само 200 метри од градската плажа, а се продаваат за околу 50.000 евра – објаснува вработен во агенција за недвижности.

Интересно е тоа што освен во Грција, сѐ повеќе Македонци одлучуваат да ги вложат своите пари на имот во Кипар.

Таму обично работата околу купопродажбата ја завршуваат самите агенти за недвижности.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП