Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.07/2023 за долгови доспеани до 31.03.2023 и неплатени до 30.06.2023 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.07/2023 објавени се 1785 должници – правни лица (повеќе за 18 од претходната листа) и 3413 физички лица (повеќе за 45 од претходната листа).

