Трагична вест ја потресе спортската јавност во Македонија откога утрово беше обелоденето дека починал 19-годишен ракометар на новиот суперлигаш РК Аеродром.
Станува збор за Андреј Петрески со прекар „штурче“, играч што целата кариера ја мина во овој клуб и во новата сезона требаше да се натпреварува во елитното македонско ракометно друштво. Тој починал во својот дом, а членовите на семејството, како и сите членови на РК Аеродром, се во шок од овој трагичен настан.

