4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците сакаат 233.000 долари годишно за да се чувствуваат финансиски сигурни

Американците сакаат 233.000 долари годишно за да се чувствуваат финансиски сигурни

Сонот на многу Американци не е да се збогатат – тие само се надеваат дека еден ден ќе се чувствуваат финансиски сигурно.

Но, повеќето од нив се далеку од таа цел, според истражувањето на „Bankrate.com“ во јуни на 2.521 возрасен Американец.

Тоа открива дека 72% од нив се сметаат себеси за финансиски несигурни. Тие велат дека треба да заработуваат во просек по 233.000 долари годишно за да се чувствуваат стабилни.

Во 2021-ва година, просечниот работник со полно работно време во САД заработувал околу 54.000 долари годишно, според студијата на Бирото за попис – само околу една четвртина од она кон што се стремеле испитаниците во анкетата на „Bankrate“.

За да се чувствуваат богати, испитаниците посочиле дека ќе треба да заработуваат во просек 483.000 долари годишно, што е речиси девет пати повеќе од просечниот приход.

Аналитичарот на банкарскиот систем, Сара Фостер, изјави за „Insider“ дека неколку економски фактори веројатно доведоа до овие резултати.

„Долго пред да порасне инфлацијата, Американците се мачеа со огромни зголемувања на трошоците за живот, вклучително, но не ограничувајќи се на грижата за децата, здравствената заштита, факултетското образование и домувањето“, вели таа.

Од почетокот на векот, тие трошоци скокнаа за 115%, 130%, 178% и 80% до 2022-ра година, соодветно, според анализата на податоците на Бирото за статистика на трудот на економистот Марк Пери од Универзитетот во Мичиген.

Наспроти тоа, во 2022-ра година, 54 отсто од возрасните во САД имале заштеди издвоени за покривање на неочекувани трошоци, според извештајот на Федералните резерви во мај, што е намалување од 59 отсто во 2021-ва година.

Кога станува збор за заштедите во пензија, испитаниците на истражувањето на „Northwestern Mutual“ спроведено претходно оваа година рекоа дека во просек ќе им требаат 1,27 милиони долари за удобно да се пензионираат. Просечниот испитаник има само 7% од тие заштеди, покажуваат резултатите од истражувањето.

Анкетата на „Bankrate“ ја наведе инфлацијата како главен фактор што ги спречува Американците да ги подобрат нивните финансии, проследено со состојбата на поширокото економско опкружување и зголемувањето на каматните стапки.

Иако многу Американци можеби се далеку од тоа да се чувствуваат финансиски сигурни, многумина се исто така оптимисти. 46% велат дека очекуваат да ја постигнат оваа цел еден ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП